Не постои лошо време за малку текила
Не постои лошо време за малку текила. Посебно денес, поради поголемата достапност и прифатливите цени на долгогодишните мексикански брендови.
Текилата го добива името по градот Текила, град во западната мексиканска држава Халиско, каде е за прв пат произведена уште во 16 век. Содржи од 35% до 55% алхохол.
Направена е од еден вид на агава или сина агава која што може да се најде во сушните низини и дождливи предели надвор од Гвадалахара во државата Халиско. Кога агавата ќе достигне зрелост по неколку години, нејзините срца богати со шеќер се готват. Сокот од оваа фаза се ферментира и потоа се дестилира. Најквалитетните текили содржат 100% агава, без адитиви.
Постојат повеќе видови на текили:
- Blanco – чиста текила која што седи во дабови буриња до два месеца
- Golden reposado – текила која е на воздраст од два месеца до една година
- Dark Anejo – текила која што е складирана во дабовите буриња во период од една до три години
За разлика од виното и вискито, текилата која е складирана и чувана подолго време не значи дека е подобра.
Доколку се одлучивте да се напиете текила, гледајте да биде квалитетна. Златно правило: Никогаш не купувајте текила која не е 100% агава.
Погледнете ја листата од најдобрите текили во светот.