Теди капутот повторно во центарот на вниманието | Trendseteri
Menu

Теди капутот повторно во центарот на вниманието

Капутот кој ги излуди модните блогерки

 

Моделот на капут попознат под името “теди”, се појави минатата година и направи вистински бум во модната индустрија. Со меката текстура, наликувајќи на ќебе овој модел на капут ќе направи да се чувствувате удобно, модерно и шик, но во исто време ќе ве стопли во овие ладни денови.

Можете да ги комбинирате со сите стилови, од спортски до елегантни, што претставува модно парче во кое вреди да се инвестира. Кога температурите ќе се спуштат испод нулата, овој модел ќе биде најдобрата опција за вас.