Теа Трајковска: “Насловот и приказната ќе ги откриеме дента на самата промоција”
Убавата Теа Трајковска го заврши снимањето на видеоспотот за нејзиниот најнов сингл насловен како “SBBKBB”, во Анталија, Турција.
“Сакам да ви се заблагодарам што сте секогаш тука за Македонската музика. Мојот нов сингл ќе биде промовиран во тек на месец Ноември, а самиот наслов и приказната ќе ги откриеме дента на самата промоција. Песната ја работевме заедно со Лазе како и се до сега, со тоа што овој пат можам да кажам дека е нешто поинакво од тоа што сме го работеле претходно и дури и јас се слушнав во еден за мене нов филм” – изјави Теа ексклузивно за Трендсетери.
“Огромна благодарност до Фибула Травел за можноста да снимаме спот во Анталија, што многу донесе за самиот проект бидејќи локациите се како измислени за песната, во режија на Даниел Јовески со кој ова ни е прва соработка. Едвај чекам да го видите тоа што го сработивме” – додаде таа.
За што точно се работи и што значи насловот на самата песна, останува да видиме наскоро.