Тајните за убавина на Клеопатра | Trendseteri
Menu

Тајните за убавина на Клеопатра

Како се негувата најубавата владетелка?

 

Кога се работи за убавината, факт е дека обично бараме совети од жените во нашата ера, но бидејќи Кеопатра важи за една од најубавите жени на сите времиња, ние ви ги откриваме тајните на нејзината убавина што и вие можете да ги испробате.

Со обзир на тоа дека во тоа време не постоела beauty индустрија со илјадници козметички производи, нејзините рутини се состоеле од исклучиво природни состојки од билно или животинско потекло.

 

Мед и млеко

 

Се верува дека нежната и негувана кожа на Клеопатра се должела на користењето купки од магарешко млеко и мед, и наводно жените во Египет ја користеле оваа комбинација како маска за лице.

 

Сол од Мртво Море

 

Мртвото Море се смета за најголем природен спа центар на светот. Поради огромната количина на лековита сол што ја содржи е препорачливо за луѓето со кожни болести и проблеми. Клеопатра била свесна за овие лековити својства на солта од Мртвото море и затоа редовно ја користела за отстранување мртви клетки од кожата, поради што имала неверојатно мека кожа. Доколку Јордан или Израел не се вашата следна дестинација, пробајте со некои од бројните козметички производи кои ја содржат оваа сол.

Египетска депилација

 

Египетската депилација е најстара метода за остранување на несаканите влакна, а во последниве неколку години е мега популарна. Овој начин на депилација е најдобар за осетлива кожа, бидејќи не предизвикува црвенило и иритација и делува антиалергиски.Главна состојка што се користи во оваа метода е шеќерната паста што се лепи само за влакната, но не и за кожата и затоа овој третман не е болен. Истовремено ги остранува и мртвите клетки на кожата, делува како пилинг и ја прави кожата нежна и мека како никогаш претходно. Клеопатра знаела најдобро!

Шеќерната паста содржи шеќер, вода, лимонов сок и мед.

 

Маска од глина

 

Глината оправдано е едно од најпопуларните состојки во маските за лице, Клеопатра одамна знаела за нејзините благодети. Глината одлично ја чисти кожата, ја извлекува нечистотијата од порите и ги отстранува митесерите. Користете маска од глина барем еднаш во месецот.