Двејн “The Rock” Џонсон | Trendseteri
Menu

Двејн “The Rock” Џонсон

Тајните на успехот на “Карпата”

 

Од играч на американски фудбал, кечер, па до најплатениот актер во Холивуд, Двејн Џонсон е уште еден доказ дека во животот се е можно.

“Погледнав во својот џеб, и имав само 7 долари”. Сето тоа се случило во почетокот на 90-тите години, кога морал да ја прекине кариерата со американски фудбал NFL поради повреда на коленото. Карпата потоа заиграл во канадската рагби лига од каде бил исфрлен бидејќи не бил доволно добар. Тоа му било најлошиот период во животот.

Во 1995 година ја започнува кечерската кариера во WWE и станува еден од најпопуларните кечери во историјата на спортот. Во 2002 година влегува во актерските води, а денес е еден од најомилените филски ѕвезди.

Минатата година од списанието “Форбс” беше прогласен за најплатен актер во светот со заработени 89.4 милиони долари, а неговото салдо денес изнесува над 320 милиони долари.

Тајните на успехот на Двејн Џонсон:

“Успехот не е совршенство. Успехот е упорност, конзистентност, напорна работа”

“Крв, пот и респект. Првите две ги даваш за да го добиеш третото”

“Во 1995 година погледнав во својот џеб. Имав само 7 долари. Знаев само две работи: Дека сум скршен и дека еден ден нема да бидам”

“Секогаш се потсетувам на моите најтешки периоди во животот. Тоа е она што денес ме мотивира”

“Никогаш нема да бидам задоволен. Секогаш сум гладен за повеќе. Очигледно е дека не зборувам за храна. Еднаш кога ќе бидеш многу гладен, навистина гладен, тогаш нема никогаш да кажеш доста е”

“Остави делата да говорат за тебе (освен ако не кажуваш некоја добра шега)”

“Егото може да биде вашиот најголем непријател. Ги убива шансите и може да го убие и успехот”

“Мораш да знаеш што сакаш, мораш да знаеш за што имаш страст”

Кога имав 8 години се замислував дека сум комбинација од Чак Норис, Ричард Прајор, Херисон Форд од Индијана Џонс, Роки Балбоа и Елвис Присли. Знаев уште од тогаш дека ќе бидам дел од Шоубизнисот.

 

“Бидете дисциплинирани”

Кога имам снимање во 7 часот наутро, јас станувам 4 часа претходно. Значи се будам во 3 часот наутро, правам кардио, појадувам, потоа имам уште еден тренинг и во 7 часот сум веќе на работа.

“Бидете свои”

Кога започнав со кечерската кариера во WWE секоја вечер имав ноќни мори бидејќи не можев да бидам свој.  На најголемото шоу на годината, таа вечер го повредив коленото и 20 000 луѓе од публиката довикуваа “Роки слабак”. Бев надвор од рингот цело лето. Потоа ми се јави тренерот и ми кажа дека тој ме сака назад и во следната сезона. Јас побарав само еден услов, да ми даде 2 минути да зборувам со публиката, во живо. Неколку недели подоцна се вратив во ринг, публиката повторно извикуваше “Роки слабак”. Го грабнав микрофонот и реков: “Во оваа арена слушам дека извикувате Роки слабак. Можеби сум многу нешта, но слабак не е едно од нив”. Во тој момент се роди “The Rock”.

 

“Забавувајте се. Еден е животот”