Совршен изглед со парчиња кои ги имате во вашиот плакар | Trendseteri
Menu

Совршен изглед со парчиња кои ги имате во вашиот плакар

Mодни трикови кои ќе ви помогнат да изгледате совршено


Тајната се крие во вашите плакари

Ќе ви преставиме неколку трикови со кои ќе ја искористите максимално вашата облека што веќе ја имате во плакарите. Потребно е само да комбинирате на вистинскиот начин, па поиграјте си со овие модни правила доколку имате намера вашиот стајлинг да делува луксузно и отмено.

 

Кројачот е најдобра инвестиција

Ако некое парче не ви стои добро, скокнете до најблискиот кројач. За некое парче да изгледа убаво, тоа пред се мора да ви стои совршено. Затоа не барајте изговори – најдете кројач и решете го проблемот.


Монохроматски комбинации

Монохроматските комбинации повторно се хит во светот и со нив ќе изгледате гламурозно. Доволно е само да ја изберете вашата омилена боја и да го износите овој тренд на најдобар можен начин.


Фармерките се основата

Кога е најдете пар фармерки што ви стојат совршено проблемот е решен. Сите останати парчиња не се толку важни. Добрите фармерки даваат впечаток на добро стилизирана дама, на која модата и е второ име.


Класиката е безвременска

Сите останати трендови доаѓаат и си заминуваат, но некои парчиња се вечни. Тука пред се мислиме на кожната јакна, црни салонки, здолниште со молив крој – тоа се парчиња во кои вреди да се инвестира.

Модните додатоци избирајте ги внимателно

Модното правило „помалку е повеќе“ се донесува токму за модните додатоци, без разлика дали се работи за чанта, накит или чевли.