Џинсот го сакаат сите жени, но тие го носат најдобро
Не секогаш е важно што имате облечено, но секогаш е важно како го носите токму тоа нешто.
А овие дами со совршена леснотија ги комбинираат омилените парчиња за сите прилики, особено оние кога не знаете што да облечете. За нив добриот џинс е навистина – спас во последниот час.
Кјара Ферањи
Фармерките се совршена основа за секоја комбинација. Лаура овојпат направила смела комбинација од впечатливи чевли на висока потпетица, крзнен елек и контроверзни искинати фармерки – постигнувајќи одлична и впечатлива модна комбинација.
Џиџи Хадид
Во комбинација со модерните фармерки коишто совршено ѝ прилегаат, Џиџи овојпат облекла макси капут којшто целата комбинација во истиот момент прави да биде апсолутно впечатлива.
Џесика Алба
Темните и долги фармерки со широки ногавици спаѓаат во оние модели коишто добро им прилегаат на повеќето дами, а може да се носат во различни пригоди. Џесика овојпат ги облекла во комбинација со чевли со висока потпетица што автоматски прави комбинацијата да не изгледа толку опуштено.
Џордан Дан
Толку едноставно, што поедноставно и не може да биде. А ефектот пак е извонреден. Овојпат имаме палета од сини бои во комбинација со неутрални обувки и чанта како акцент, и моден и колористички. Ваквиот изглед лесно може да го примени секоја девојка.