Свежи бои и разиграни тонови | Trendseteri
Menu

Свежи бои и разиграни тонови

Новата колекција на Оливија Рубин

 

Парчињата облека на дизајнерката Оливија Рубин не можете никогаш да бидете тажни и намуртени. Нејзините креации во разиграни тонови и свежи бои, кои станаа вистински хит и неизоставен дел од гардероберот на познатите блогерки, инфлуенсерки и модни стилистки, ќе направат да се чувствувате полни со живот и горди со себе си.

Оливија Рубин е најпрепознатливите имиња на светскиот моден свет. После нејзиното завршување на престижниот Central Saint Martins, Рубин ја извади својата прва линија женска облека со која привлече внимание на модната сцена. Но, пред да се впушти во соло водите, таа има работено во најголемите модни куќи како Alexander McQueen, Dior, и John Galliano.

После неколку бурни години во модната индустрија, го основаше и брендот по нејзиното име, фокусирајќи се на својата визија за уникатна женственост. Денес Оливија Рубин ги претставува своите модни креации на London Fashion Week, каде нејзините колекции се претставувани од најпознатите ѕвезди во модниот свет, како Lene Dunham, Eve Chen, Aimee Song и други.