Струмички Карневал 2018 | Trendseteri
Menu

Струмички Карневал 2018

Струмичкиот Карневал 2018та во одлични костими и прекрасни бои

 

Деновиве Струмица живее во ритамот на традиционалниот Струмички карневал, што како културна манифестација успеа да го мапира, како еден од најинтересните карневалски градови, на мапата на Европа.

Годинава за принц и принцеза беа избрани брачниот пар Александар и Соња Ташеви кои ја предводеа главната карневалска поворка.

Денеска на плоштадот во Струмица се одржа и детскиот карневал каде најмладите ги покажаа своите креации со ликовите од цртаните филмови.

Утре, кога е чист понеделник, на градскиот плоштад ќе биде послужен бел грав. Претпладнето ќе бидат објавени најдобрите маски, а вечерта ќе биде отворена изложбата на карикатури и афоризми, учесници на 18. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам. Во вторник ќе бидат доделени наградите од Интернационалната карневалски вечер и тримерската карневалска забава.

Карневалските денови во Струмица завршуваат в среда со одбележување на празникот Тримери.

Уживајте во фотогалеријата: