Стоп за Јо - Јо ефектот | Trendseteri
Menu

Стоп за Јо – Јо ефектот

Зошто никако да направите стоп за Јо – Јо ефектот

 

Одамна е веќе познато дека стоп за Јо-Јо ефект во слабеењето речиси и да е невозможно кај луѓето што се на премногу строг режим на исхрана за слабеење. Едноставно е невозможно да се придржуваат долго време. Штом ќе направат грешка и ќе отстапат од режимот, се враќаат на старите навики. Се враќаат и килограмите и целиот тој циклус почнува од почеток.

Нема ништо лошо во тоа да се биде амбициозен, со голема желба тежината да се држи под контрола. Кога имате желба и мотивација да ја постигнете својата цел, веќе сте добиле половина од битката.  Меѓутоа, треба да знаете дека ако се обидувате да постигнете премногу за прекратко време, тоа лошо ќе ви се одрази. Престанете еднаш за секогаш да размислувате колку време ви треба и колку е бројката на вага. Секогаш ќе има некој кој што повеќе или побрзо намалил. Тоа не значи дека твојот процес или исхрана не е во ред. Едноставно сте различни и уживај во твојот процес! Бидете реални во врска со тоа колку работи можете да смените одеднаш, и прифатете го резултатот што тие промени ќе ви го донесат.

Води си дневник на исхрана и на напредок

 

Водете си евиденција како напредувате. Тоа е проверена стратегија да не отстапите од зацртаниот план. Ќе ви помогне и ако најдете извори на поддршка како школата за исхрана. Супер е ако имате друштво за вежбање, а на некои луѓе многу им значи помошта што ја добиваат преку онлајн заедници. За крај, бидете флексибилни и учете од своите грешки. Ако пробате некој нов режим на вежбање или нов вид храна кои не ви се допаѓаат, тогаш пробајте нешто друго. Не заборавајте, не ви е цел да намалите што е можно повеќе килограми за што е можно пократко време. Целта треба да ви биде процесот и секојдневната дисциплина. Целта треба да ви биде да изградите здрави навики во исхраната и во физичката активност. Тоа ќе ви помогне да ја намалите тежината и да го задржите резултатот.

Се разбира, дали ќе направиш стоп за јо-јо диетите во голема мерка зависи и од промените што ќе ги направите во однесувањето. Јадете помали, почести оброци. Водете сметка во секој оброк и ужина да внесувате и протеин. Организирајте си ги оброците однапред, водете евиденција како напредувате и најдете си некој да ви помогне. Сето ова ви е многу важно за да успеете. Нема далеку да стигнете ако тргнете со спринт кон целта, па потоа почнете да џогирате во спротивната насока. Кога се работи за успешно намалување на вишокот килограми, трката ја добиваат оние што трчаат пополека и стабилно.

Јосиф Дамјанов