Што прават успешните луѓе во понеделник наутро? | Trendseteri
Menu

Што прават успешните луѓе во понеделник наутро?

По утрото денот се познава, по понеделникот – цела недела!

 

Понеделник наутро е најважниот дел од работната недела и тоа често одредува како ќе биде остатокот на неделата, затоа мора да водите сметка како ќе го започнете. Доколку имаме успешно понеделничко утро, шансите за успешна недела се многу поголеми. Ако ја започнеме неделата со негативна енергија, истата ќе се провлекува и понатаму. Погледнете како успешните луѓе ја започнуваат работната недела.

 

Понеделничкото утро го почнуваат во недела навечер

 

Првите работи часа во понеделник обично ги трошиме за решавање на работи кои ни останале од минатата недела или одговараме на мејловите кои се насобрале во текот на викендот. Успешните луѓе овој стрес вешто го избегнуваат со тоа што поголемиот дел од овие обврски ги завршуваат во недела навечер.

 

Се будат рано наутро

 

Иако најуспешните луѓе го почнувааат понеделникот наутро во недела навечер, тие исто така се трудат што порано да си легнат за да можат добро да се наспијат и да се разбудат уште во рана зора. По утрото денот се познава, по понеделникот – неделата.

 

Вежбаат

 

Доколку сакате да го започнете секој работен ден со многу енергија, наутро издвоите барем неколку минути за истегнување и лесни вежби, јога или трчање во место – важно е само да го освестите телото. 10-20 минути е сосема доволно за да имате утринска енергија како никогаш претходно.

Јадат здрав, балансиран, нутритивен појадок

 

Појадокот треба да направи да се чувствувате убави, сити и задоволни во сопственото тело. Кога чувствувате глад, не можете да се фокусирате и сте анксиозни.

 

Прават план за напад

 

Успешните луѓе двојат 5-10 минути секое утро за да направат листа на активности. Најдобрите го искористуваат понеделникот за да направат јасно дефиниран план за напад на кој ќе се придржуваат во текот на целата недела. Колку повеќе обврски имате, толку вашиот календар станува поважен за секојдневните активности. Кај успешните луѓе нивниот календар е нивниот животен пат.

Прво ја реализираат најважната, најтешката задача

 

Студиите покажуваат дека човечкиот ум е најефикасен веднаш откако ќе се разбудиме, што значи дека утринските часови за најскапоцени и најдобар период за реализирање на најважните задачи. Јасно ги одредуваат приоритетите и целосно се фокусираат на нив.