Што подаруваат познатите за Валентајн? | Trendseteri
Menu

Што подаруваат познатите за Валентајн?

Најскапите подароци за Денот на вљубените на познатите личности

 

Познатите личности воопшто не штедат пари за подароци за нивните сакани, посебно кога се работи за Денот на вљубените, Валентајн. А и зошто би ги штеделе кога ги имаат во изобилство?

Ова се најскапите подароци за Валентајн на познатите личности.

 

Дејвид и Викторија Бекам – 8 милиони долари ѓердан

 

Дејвид Бекам на својата сопруга Викторија за Денот на вљубените во 2006 година и подарил дијамантски ѓердан на Булгари во вредност од 8 милиони долари. 8 милиони причини за љубов, нели?

Кети Пери и Русел Бренд – 340.000 долари автомобил

 

Кети Пери го изненади Русел Бренд со автомобил Бентли во вредност од 341.000 долари.

Ким Кардашијан и Канје Вест – 73.000 белезица

 

Канје Вест во 2013 година и подари на Ким Кардашијан белезица вредна 73.000 долари, која се состои од дијаманти и бело злато нд Panthere De Cartier.

Кајли Џенер и Тајга – 50.000 фунти часовник

 

Тајга на Кајли Џенер во 2016 и подари часовник Hublot во вредност од 50.000 фунти.

Џеј Зи и Бијонсе – 24.000 долари мобилен телефон

 

Кралот на поп музиката Џеј Зи и подари на Бијонсе мобилен телефон од бело злато во вредност од 24.000 долари.

Бред Пит и Анџелина Џоли – 20.000 долари дрво

 

Анџелина Џоли на екс сопругот Бред Пит му подари дрво маслинка старо 200 години во вредност од 20.000 долари. Дрвото кое е симбол за мир, верност и стабилност очигледно не важи за нивниот случај.