Стилски трикови за бизнис стајлинг | Trendseteri
Menu

Стилски трикови за бизнис стајлинг

Зрачете со самодоверба и моќ

 

Облеката која ја носиме има огромно влијание на тоа како се чувствуваме и каков впечаток оставаме, затоа одбирајте паметно.

Бизнис стајлингот не мора да биде досаден и строг. Доколку малку се поиграте со модата можете да направите интересни модни комбинации на кои ќе ви завидуваат.

Водете се по овие модни правила:

Вистинскиот крој е основа на секој добар аутфит

 

Водете сметка облеката потполно да ви одговара. Во претесен крој ќе делувате вулгарно, додека во поширока варијатна ќе оставите впечаток на “несредени”. Бирајте кроеви кои совршено ќе се вклопат на вашето тело.

Парчиња кои никогаш не излегуваат од мода

 

Инвестирањето во квалитетни парчиња кои долго ќе ви траат секогаш се исплаќа, затоа не штедете кога е во прашање облеката за на работа. Подобро да имате неколку квалитетни парчиња отколку голема количина облека која ќе морате брзо да ја замените.

Секоја бизнис жена во својот гардеробер мора да има барем два добро кроени сакоа, црни панталони и неколку класични фустани. Со овие основни парчиња лесно ќе направите најразлични стајлинзи.

Долна облека која во потполност ќе ви одговара

 

Добрата долна облека е многу важна за да облеката ви изгледа убаво. Доколку долна облека се познава или се осеќа на кожата, ќе оставите погрешен впечаток.

Држете се на едноставните комбинации

 

Кога е во прашање бизнис стилот, најдобро е да одбирате помирни бои. Принтот е дозволен само ако не е премногу впечатлив. Не сакате да повеќе зборуваат за вашата гардероба, отколку за бизнис успесите. Со класиката никогаш нема грешка!

Бидејќи сте ограничени со изборот на бои, поиграјте се со текстурата на гардеробата.