3 стилски грешки поради кои изгледате постари | Trendseteri
Menu

3 стилски грешки поради кои изгледате постари

Доколку не сакате да изгледате постари, не ги правете овие грешки

 

Секоја жена сака да изгледа помлада. Но, многу жени не се ни свесни дека прават одредени модни грешки поради кои всушност изгледаат постаро.

Стајлингот е еден од најважните фактори кој влијае врз тоа како ќе изгледаме. Имено, некои работи кои ги занемаруваме, имаат контраефект.

 

“Невидливи” холахопки

 

Холахопките со боја на кожа многу ретко добро стојат со тонот на кожата и воопшто не се невидливи како што би требало да бидат. Затоа, подобро носете црни холахопки, впечатливи или едноставно немојте воопшто да ги носите.

Перли

 

Без разлика дали се околу вратот или на увото, перлите често изгледаат конзервативно, поради што ќе изгледате постари отколку што навистина сте.

Доколку не сакате да се откажете од нив, подобро да ги комбинирате со кожна јакна и фармерки, отколку со фустан.

Погрешен избор на бои

 

Боите исто така значително влијаат на нашиот изглед. Доколку избереме бои кои не одговараат на нашиот тен или коса, ќе изгледаме бледи, а со тоа и постари.

За да не ја правите оваа грешка, треба да знаете дека на русокосите одлично им стои сина и розе боја, додека пак, на бринетите супер им стојат впечатливите бои како виолетовата и црвената боја. Додека жолтата и белата боја можат да ја носат и русокосите и дамите со потемна боја на коса.