Шик деловен изглед на Тејлор Свифт | Trendseteri
Menu

Шик деловен изглед на Тејлор Свифт

Инспирација за стилски деловен изглед

Секое утро најголем дел од времето го губиме пред гардероберот во потрага по совршената деловна комбинација што ќе биде стилска, уникатна и во исто време ќе остави доволно впечаток.

Во моментите кога не знаеме со какви парчиња да го освежиме нашиот плакар за уникатно бизнис издание, тука се стилските дами да не инспирираат.

Тејлор Свифт на синоќешното доделување на NME наградите во Лондон ја освои наградата за најдобар соло изведувач и се појави во уникатна и модерна бизнис комбинација и изгледаше како CEO на некоја од најголемите модни куќи во светот.

Пејачката носеше црно-бело одело со кратки панталони над колена, каде од едната страна се истакнуваат голите рамена и белата кошула испод сакото, аутфит од колекцијата Resort 2020 на Monse. Стајлингот го надополни со бело-сива чанта на Jimmy Choo и кратки бели чизми на брендот за чевли Gianvito Rossi.