Стилска инспирација: Лиза Ханбјук | Trendseteri
Menu

Стилска инспирација: Лиза Ханбјук

Запознајте го стилот на познатата германска блогерка и соработничка на германскиот Vogue магазин

 

Оваа недела пронајдовме стилска инспирација кај модната инфлуенсерка од Дизелдорф, Лиза Ханбјук (Lisa Hahnbück).

Големата љубов за модата ја има уште од малечка и тоа благодарение на модните магазини кои татко и, кој исто така работел во модната индустрија, и ги носел од странство. Пред водењето на блог, работела како моден менаџер, за да после големиот успех се посветува исклучиво на блогерската кариера. После нејзината голема популарност благодарение на блогот, почнуваат да ја бараат за соработка бројни модни и брендови за убавина, па така Лиза низ годините соработувала со водечките брендови како Луи Витон, Топшоп, Guess и германскиот Vogue магазин за кого снима видеа за убавина.

Стилот на Лиза исклучиво ни се допаѓа поради тоа што на нејзината манекенска градба се и стои одлично – од кежуал аутфити, до елеганција, кул beauty изгледи, а  боб фризурата е нејзиниот заштитен знак. Од многуте одлични стајлинзи, ние ги избравме најдобрите кои може во продолжение да ги погледнете!