Стилска инспирација – Ирина Шејк | Trendseteri
Menu

Стилска инспирација – Ирина Шејк

Одлично street style издание на руската убавица

Топ моделот Ирина Шејк вчера се прошета низ улиците на Њујорк во одлична дневна комбинација која го привлече целото внимание.

Убава русинка се појави во црно-бело одело со интересен и впечатлив дезен и црна ролка испод оделото.

Црните војнички чизми совршено се вклопија со црната чанта, а целиот стајлинг го заокружи со теди капут во тиркизна боја. Тиркизната боја се најавува како една од најпопуларните бои за престојната пролетна и летна сезона.