Стилска инспирација – Деми Мур | Trendseteri
Menu

Стилска инспирација – Деми Мур

Модни правила за совршен стајлинг

 

На нејзиниот стил ниту еден моден експерт не може да и најде маана. Иако звучи неверојатно, Деми Мур наодамна наполни 57 години.

Нејзината фигура е беспрекорна исто како и нејзиниот стил на облекување. Вистински пример за жените во зрели години, но и оние помладите. Секогаш скоцнана од глава до пет, секогаш ин, Деми Мур знае како да го истакне најдоброто од неа.

Начинот на облекување е главен фактор за добар изглед. Доколку ги изберете вистинските парчиња облека, ќе изгледате и неколку години помлади, а Деми е одличен пример за тоа.

Нејзините модни правила за совршен стајлинг:

Бојата на елеганцијата

 

Често можеме да ја видиме во елегантни комбинации во црна боја. Со оваа варијанта нема грешка, а црното одело е полн погодок.

Правилно комбинирање

 

Доколку носи кратко здолниште, горниот дел нема да биде длабоко деколте, и обратно. Тоа е правило кое секогаш го следи.

Удобноста е приоритет

 

Деми Мур сака да се чувствува удобно во тоа што го носи. Кога се чувствувате удобно во облеката, тоа се одразува и на вашиот изглед.

Во тренд, но не по секоја цена

 

Ги следи модните трендови, но од понудата избира она што најмногу и се допаѓа и тоа го прилагодува на нејзиниот стил.