Стилот на Адут Акич | Trendseteri
Menu

Стилот на Адут Акич

Како се облекува една од најпопуларните модели?

 

Секоја сезона на модната сцена се појавува по некоја нова девојка која после тоа ја гледаме на сите модни списанија. Денес тоа сигурно е Адут Акич. Девојката која ја понесе титулата модел на годината на престижните британски награди Fashion Awards.

Родена во јужен Судан, Адут Акич до својата шеста година растела во избегличкиот камп Какума во Кенија од каде потоа со семејството се преселуваат во Австралија. После неколку обиди, нејзиниот пробив во модните води беше преку ревијата на модната куќа Saint Laurent во Париз, колекцијата пролет/лето 2017 година.

После тоа Адут за рекордно време стана една од најбараните модели на денешницата. Освен што ја обожаваме на пистите на реномираните модни куќи, она што исто така не воодушевува е нејзиниот стил. Од урбани улични стилови до елегантни комбинации за свечени прилики. На Адут Акич се и стои перфектно.