Стилот на Џеј Ло на Superbowl | Trendseteri
Menu

Стилот на Џеј Ло на Superbowl

Погледнете ја одблиску единствената Џенифер Лопез

 

Овој викенд Џенифер Лопез и Шакира со нивниот музички настап направија навиден спектакл и се запишаа во историјата како први латинци кои го видеа шоуто на полувремето на Супербол во Америка. Заедно со нивната експлозивна изведба, смелиот и провокативен изглед на иконските диви ни беа шанса да ги разгледаме трите зачудувачки парчиња облека на Џеј Ло.

Музичката дива излезе со прекрасни парчиња на Версаче, првин го почна шоуто со креација изработена од црна кожа и украсена со црни и бели кристали и розово сатентско здолниште. Таа веднаш го искина здолништето на почетокот на нејзиниот настап.

Џеј Ло потоа настапи со сребрена креација со ситни огледалца и кристали кои дадоа силен ефект и ги истакнаа убавите облини на латинската дива.

Што се однесува до финалето, Лопез се појави во пердув на кој беше насликано Американското знаме (со знамето на Порто Рикан од другата страна) и кристална креација.

Подолу можете да ги погледнете и самите скици на креациите на Версаче што Џеј Ло ги носеше на Супербол. 

Која од овие креации најмногу ви се допаѓа?