Стил на денот: Викторија Бекам во бизнис издание | Trendseteri
Menu

Стил на денот: Викторија Бекам во бизнис издание

Светската трендсетерка во фантастично бизнис издание

Познатата британска дизајнерка и светска трендсетерка Викторија Бекам, секогаш одбира спектакуларни модни комбинации. Имено, таа беше забележана на аеродромот во Њујорк во фантастично бизнис издание за кое сме сигурни дека барем еднаш ќе сакате да го испробате на вас.

Модната икона беше облечена во твид здолниште и џемпер над кошула со голема крагња, од нејзиниот бренд Victoria Beckham, совршено комбинирани со бордо чизми со отворени прсти и големи очила за сонце. Кожната бордо чанта со ланец совршено го заокружи нејзиниот моден изглед.

Големо браво за ова тренди издание на Викторија Бекам.