Стил на денот: Ева Лонгорија во карго панталони | Trendseteri
Menu

Стил на денот: Ева Лонгорија во карго панталони

Панталони што секоја жена треба да ги има во нејзиниот гардеробер

Доколку сте во потрага на крој што совршено ќе можете да го вклопите во секоја прилика, не истражувајте повеќе, го имаме решението за вас.

Карго панталони – широк крој со многу џепови се вистинското решение за оваа сезона. Без разлика каква градба на телото имате, во нив ќе изгледате феноменално.

Високиот струк визуелно ќе ги издолжи вашите нозе и ќе го сокрие вишокот на килограми на половината. Овој крој можете да го носите со патики, но супер изгледа и во комбинација со високи потпетици. Ева Лонгорија ни прикажа еден од начините како можете да ги носите карго панталоните.