Повеќе отколку „обични“ патики | Trendseteri
Menu

Повеќе отколку „обични“ патики

Неколку примери што докажуваат дека „старките“ се добар избор за моден детаљ!

 

Последен пат кога овој модел на патики можеше да се забележи на сечии стапала, беа 90-тите! Тие беа толку распространите што и момците и девојките ги носеа. Но, изгледа тие повторно се враќаат на врвот на модата бидејќи како што се стоплува времето, така сè повеќе млади девојки ги одбираат токму нив. Фактот што можат да се комбинираат буквално со сите видови аутфити дополнително ја зголемува нивната популарност.

Во продолжение следуваат неколку комбинации што ќе ви докажат дека и вие треба да се препуштите на овој едноставен, но впечатлив тренд од 90-тите!