Спортски - урбан стил кој го обожаваме | Trendseteri
Menu

Спортски – урбан стил кој го обожаваме

Зарем има нешто покомотно од спортскиот изглед?

 

Кога се работи за избор на гардероба, комфортот е многу важен и секогаш треба да ја одбирате комоцијата пред добриот изглед. Тоа важи за секој изглед, независно дали се работи за елегантен, кежуал или спортски изглед.

Зарем во овие ладни есенски денови кои доаѓаат, во кои сакале – нејќеле мораме да се ослободиме од летната облека до наредната летна сезона, има нешто покомотно од спортскиот изглед?

Време е да најдеме достојна замена, време е за удобни тренерки, јакни, патики и подебели чорапи за да бидеме подготвени за ладната зима што доаѓа. Единствен критериум на кој треба да мислите при изборот на вашиот аутфит, е да во него се чувствувате удобно.