Специјалитет од пилешко и интегрален ориз
Состојки за 4 порции:
- 2 шолји свежо зготвен интегрален ориз
- 4 половини пилешки гради, без коска и без кожа
- 2 шолји брокула, на залачиња
- 1 лажичка маслиново масло
- 2 шолји исечкана кинеска зелка
- 2 моркова, на лентички
- 1/2 кромид, исечкан
- 2 чешниња лук, исечкан
- 1 перце млад кромид, исечкан
- 2 лажичка исечкан свеж ѓумбир
- Теријаки сос (100мл соја сос, 1 лажица мед и сусам)
Приготвување:
Зачинете ги пилешките гради од двете страни со сол и црн пипер. Со масло попрскајте голема тава што има капак. Загрејте ја тавата на среден оган една минута. Ставете ги пилешките гради во тавата и гответе 5–7 минути или додека месото не почне да заруменува. Свртете ги пилешките гради од другата страна, покријте ја тавата и намалете го малку огнот. Оставете го пилешкото да се готви 12–15 минути во сокот што ќе го пушти или додека не е готово. Изгаснете го огнот; извадете го пилешкото од тавчето, исечете го на парчиња, вратете го повторно во тавчето и покријте го за да биде топло.
Додека се готви пилешкото, во полузатворено тенџере ставете 4 чаши вода да зовријат. Кога ќе зоврие водата, ставете ја брокулата да се вари 1 минута додека не добие светло зелена боја и малку не омекне. Исцедете ја брокулата, но не плакнете ја.
Загрејте голема тава на силен оган и додајте маслиново масло. Додајте брокула, зелка, моркови, кромид, лук и млад кромид и ѓумбир и мешајте 3–4 минути додека зеленчукот не добие крцкава кора. По вкус зачинете со сол и црн пипер.
Поделете го зготвениот интегрален ориз во четири чинии. Прелијте го оризот со зеленчукот и со исечканите пилешки гради, а потоа по вкус со теријаки сос.