Совршено решение на една голема модна дилема | Trendseteri
Menu

Совршено решение на една голема модна дилема

Што да облечете кога времето надвор е променливо?

 

Постојано се двоумите што да облечете кога времето надвор е променливо? Ние ќе ви го откриеме наједноставното решение на оваа дилема! Во продолжение ќе пронајдете 3 одлични идеи за вашата следна модна комбинација кога не можете да им верувате на временските прогнози. Што ќе се одлучите да облечете денес, за факултет или за работа, за вечерно излегување или пак за на кафе со пријателките?

Сигурни сме дека веќе имате миди здолниште во вашиот гардеробер, па не ви преостанува ништо друго, туку да бидете инспирирани. Запомнете, трикот е во паметното и креативно комбинирање!

За работни модни комбинации

Утрото е свежо, а денот е сѐ уште топол. Миди здолништата се одлични за преминот меѓу сезоните. Комбинирајте го со омилените впечатливи високи потпетици за на работа, но немојте да ја заборавите ниту старата добра кожна јакна. Лесно ќе ја соблечете кога сонцето ќе загрее.