Совршен контраст | Trendseteri
Menu

Совршен контраст

Неколку начини на кои можете да носите здолниште и џемпер во текот на оваа есен

Есента е време кога секоја жена сака да ѝ биде топло, а истовремено да изгледа и модерно. Токму овој ефект се добива со комбинирање на слатки здолништа и меко плетиво. Пронајдовме неколку совршени идеи за носење на оваа комбинација во текот на есенските денови.


Вовлечено

Вовлечете го краткиот џемпер во омиленото мини здолниште, по можност во кожна варијанта. Оваа модна комбинација навистина изгледа секси и интересно.


Широко и удобно

Пријатен џемпер и миди лелеаво или плисирано здолниште се полн погодок. Изгледаат лежерно и удобно, а секогаш модерно.


Кратко и слатко

Краткото здолниште и џемперот со стандардна должина ќе ви дадат изглед на девојка од факултет. Зошто да не?


Над колена

Ако навистина сакате привлечен изглед, но и да ви биде топло, тогаш комбинирајте го здолништето и џемперот со чизми над колена.


Лежерна елеганција

Впечатливата портокалова боја и бојата на златото ќе создадат вистинска есенска модна комбинација. Лежерно вовлечете еден дел од џемперот за да ги откриете контурите на телото.


Прилепено на телото

Доколку сакате тесни миди здолништа, најдобар начин да ги носите во комбинација со џемпер е да ги вовлечете и со помош на каиш дополнително да го нагласите струкот.