Дилемата создава потреба од дополнително и различно мислење
Често се бара совет од пријатели и луѓе кои се близу до нас. Некои од нив ќе ти ги кажат негативните страни, некои ќе бидат воздржани, а некои ќе ти дадат објективен совет кој ќе ти ги покаже сите страни на твојата дилема.
Стотици луѓе, стотици мислења, а само една одлука. Одберете го советот кој вие би им го дале на вистинските пријатели. Така ќе го знаете своето рационално размислување и желби.
За советот и одлуката да бидат вистински, потребно е мислите да ги согласите со одлуката. Доколку направите нешто, а подоцна се покаете, тогаш советот и одлуката нема да донесат добри резултати
Затоа, без разлика кој совет ќе биде ваша одлука, потребно е само вашите мисли да ги насочите во правецот во кој е донесена одлуката. Така избраниот совет, ќе биде даден во вистинско време.
– Д.А. Патникот со закрпени патики