Новите очила на Snapchat | Trendseteri
Menu

Новите очила на Snapchat

Snapchat со хајтек очила!

 

Snapchat штотуку заплови во водите на производство на паметни очила, a веќе не се вика ни Snapchat. Компанијата го промени името во Snap Inc. и сега е нешто многу поголемо од обична социјална мрежа, изјавил извршниот директор Еван Шпигл. Паметните очила ќе се викаат Spectacles и ќе се продаваат по цена од 129 долари, но во ограничени количини.

Snapchat Spectacles снимаат клипчиња од 10 секунди со објектив од 115 степени, агол што е приближно ист како човечкиот видокруг. Потоа снимката бежично се пренесува на смартфонот за корисникот да може да го споделува со пројателите на Snapchat мрежата. Очилата ќе бидат достапни во три бои – црна, темно сина и црвена.