Смути на денот - Малини со путер од ореви | Trendseteri
Menu

Смути на денот – Малини со путер од ореви

Малина смути со путер од ореви

 

Добро утро трендсетери! Дали сте подготвени за здрав почеток на денот? Како вистински трендсетери денот го започнуваме со смути. За повеќе енергија, подобро расположение, помала желба за благо, поздрав изглед на кожата и секако, намалување на калориите.

Смутито за денес е со малини и путер од ореви.

Потребни состојки:

100 гр. смрзнати јагоди

1 банана

1 лажица путер од ореви

30 гр. микс од мелени семиња (тиква, сончоглед, лен и сусам)

70 гр. овесна каша од малина

Сува брусница

1 чаша соино млеко 

Ставете ги сите состојки во нутрибулет и ќе добиете магија! Наздравје.