Јагода смути со путер од кикиритки
Добро утро трендсетери. Дали сте подготвени за здрав почеток на денот? Дали сте подготвени за повеќе енергија, подобро расположение и поздрав изглед?
Смутито за денес е со јагоди и путер од кикиритки.
Потребни состојки
100 гр. Смрзнати јагоди
1 Банана
1 лажица путер од кикиритки
1 чаша нискомаслено млеко
Ставете ги состојките во бледнер, изматете и почнете го денот со полна чаша витамини, полна чаша здравје.