Заводлива слоевитост како моден хит за оваа зима | Trendseteri
Menu

Заводлива слоевитост како моден хит за оваа зима

Има вистина во тоа дека облекувањето во текот на зимата е покреативно

 

Колку сте вешти во комбинирање, мешање на различни материјали, текстури, доаѓа до израз баш во зимскиот период.

Да носите повеќеслојна облека не само што е здраво, туку е и модерно. Иако може да биде и опасно, доколку се плашите дека со додавање на екстра слоеви облека визуелно ќе изгледате покрупни или пониски.

Оваа сезона е вистинското време да си поиграте со слоевите.

За да ги решите дилемите во врска со слоевитото облекување, еве неколку трикови кои би одговарале на вашата фигура и ќе направат да изгледате модерно.

 

1. Многумина кога ќе помислат на слоевитост имаат слика од предимензионирана и лежерна облека. Напротив, можете да изгледате „скоцкано“ и да и ласкате на вашата фигура. Не треба да престанете да носите палта кога ќе паднат температурите. Едноставно додадете капут.

 

2. Најдобар начин за креирање слоевитост е под краткиот џемпер да додадете подолга кошула. Ќе ви биде топло, а ќе изгледате супер стилски. Ако сакате додатна слоевитост намотајте и голем шал.

 

3. Доколку сте неутрален опсесивец, доволно ќе биде да ставите повеќе слојна голема марама или топол шал.

 

4. Еве идеа како да се издвоите од „стадото“ без многу напор. На овој начин здолништето од тул ќе го искористите и во зимскиот период.

 

5. Ова е начин како со додавање на џемпер, кој ќе го префрлите врз палтото, да додадете малку магија во секојдневието.

 

6. Врзете кошула околу струкот за изглед достоен за позитивни коментари. Овој едноставен трик ќе го нагласи вашиот струк и ќе даде живост на вашата облека.

 

7. Кога е многу ладно, а вие сакате да изгледате совршено стилски, облечете слободно дебел џемпер под палтото и додајте шал како екстра детал.