Здрав сладолед од јагоди | Trendseteri
Menu

Здрав сладолед од јагоди

Јадете сладолед без грижа на совест за вашата линија


Сладоледот им е омилениот сладок грев на повеќето луѓе. Но доколу сакате да ја зачувате вашата линија, морате да го ограничите неговото консумирање. За среќа, овој рецепт ќе ви помогне да уживате во вкусот на сладоледот без грижа на совест.


Потребни состојки:

  • 300 грама јагоди
  • 200 милилитри кокосово млеко
  • Прстофат ванилин шеќер
  • 3 лажици мед


Начин на подготовка:

Пред да почнете со подготовката на сладоледот, ставете ги сите состојки неколку часа во фрижидер.

Исчистете ги јагодите, пресечете ги на половина и ставете ги во блендер. Додајте ги кокосовото млеко, ванилата и медот. Добро изблендирајте додека не добиете кремаста смеса.

Смесата можете да ја ставите во посебни калапи за сладолед или во кутија. Ставете ја во замрзнувач и оставете ја додека не замрзне.