Скорпија
24. Октомври – 22. Ноември
Скорпија – жени
Тие се навистина моќни жени со силнавоља и упорност. Сè или ништо – таа не знае за компромис и најчесто го добива тоа што го сака. Во жената Скорпија има нешто посебно што прави срцата на мажите да чукаат побрзо.
Во тој поглед, ним им е потребен силен, страстен партнер кој би им се спротивставил. Кога некој ќе ѝ го привлече вниманието, веќе нема бегање.
Скорпија – маж
Кога сака да се направи нешто, сака да се направи правилно. Не сака половични работи и ужива во предизвици. Тој е интровертен и не сака да биде центарот на вниманието.
Тие што сакаат да стапат во врска со него треба да бидат мистериозни и далечни со што би му го привлекле вниманието. Мажите Скорпии се страстни креативни љубовници. Кога ќе се одлучи за партнерка, нејзе ѝ припаѓа целосно и од срце.