Skopje Poster - Festival | Trendseteri
Menu

Skopje poster Festival

10. јубилеен Скопје постер фестивал

 

10. Скопје постер фестивал – една деценија креативен набој истурен врз Скопје и Македонија

Нас од Трендсетери, ни претставува огромна чест но и задоволство  да поддржуваме една ваква јубиларна и значајна манифестација од светот на уметноста.

Овој ноември во Скопје ќе гостуваат дизајнери кои ќе остават длабок впечаток кај нашите креативци.
Фестивалот ќе се одржи помеѓу 14 и 25 ноември, со главни настани помеѓу 14 и 19 ноември. Изложбите ќе можат да се погледнат до 25 ноември.

Оваа година Скопје постер фестивалот ќе понуди посебно, јубилејно дизајнерско искуство. Настаните ќе се одвиваат на 5 различни локации. Главна музејска локација – Музеј на град Скопје, забавна програма – Твинс, Брик Бар, Four Restaurant. Конференциска локација и место за одржување на работилнците ќе биде Хотел Парк и Спа (позади Гратскиот стадион).

Работилници за калиграфија и плакати, минимал дизајн, работилница за курирање и пишување критика за дизајн, како и изложби на 10. Скопје постер конкурс, изложба на плакати од минатогодишните победници, специјална изложба од жири членовите со афтер-забава…се само дел од содржините кои ќе бидат понудени над креативното небо на Скопје.

Отворени се повиците за учество во работилниците и дизајн конференцијата. Учеството во сите работилници не се наплатува, додека конференцијата од неформален-опуштен карактер ќе биде понудена на дизајнерите, креативци индивидуалци и сите уметници и лубители на дизајнот.

Не изостанува и афтер забавата со бенд, сите наши пријатели се добродојдени да ни се придружат на забава со плакатот на 17ти ноември.

Повеќе на: Skopjeposter

Lex Drewinski @ 10. SKPF /14-25 Nov.'17/

Gepostet von Skopje Poster Festival am Freitag, 3. November 2017