Skopje Cocktail Week | Trendseteri
Menu

Skopje Cocktail Week

Skopje Cocktail Week, настан во градот кој ја слави коктел културата

 

Во текот на Октомври месец локалите низ Скопје го „вдомуваат“ омилениот настан на гостите – Skopje Cocktail Week. Совршено креирани коктели, наменети за сезоната што следи.

Во периодот од 17ти до 24ти Октомври, по трет пат, се одржува Skopje Cocktail Week, настан кој се случува на иницијатива и во организација на Гемак – компанија која 27 години е присутна на пазарот  како ексклузивен партнер на светската компанија Diageo, како застапник на познатите брендови:  Johnnie Walker, Smirnoff, Captain Morgan, Baileys, Bulleit whiskey, CIROC и Zacapa.

Идејата, преку овој „фестивалски„ настан, е да им се даде поддршка на локалите да ја креираат својата понуда според високи светски стандарди, а со тоа и да им се овозможи едно поинакво искуство на гостите во локалите за оваа есен/зима сезона.

„Во текот на годината како компанија, организираме голем број на обуки за бармените низ Македонија, па и овој пат преку работилница која се одржа ден пред да започне Skopje Cocktail Week, ги  информиравме и едуциравме сопствениците на локалите и бармените за новитетите во сезоната што следува. Станува збор за избор на коктели кои се соодветни за служење во зимскиот период. Драго ни е што сопствениците и бармените на локалите се се` повеќе заинтересирани за нашите обуки и за развој на коктел културата. Во услови на динамичен пазар и голема конкуренција на локали, сопствениците секогаш се трудат да бидат поинакви во поглед на својата понуда. На овој начин ние им даваме поддршка за да успеат во својата намера.„ – изјави претставник на Гемак.

Во рамките на настанот, кој ќе трае од 17ти до  24ти Октомври, ќе бидат опфатени вкупно 12 локали во кои посетителите ќе можат да нарачаат и да вкусат 6 коктели. Настанот со своите две изданија досега, се изгради како бренд кој гостите во локалите го препознаваат по високиот квалитет на понудени коктели. Заради тоа ова трето издание, сопствениците проактивно побараа да се вклучат во овој проект. Како тим се радуваме на секоја нова соработка, со надеж дека бројот на локали кои го прават Skopje Cocktail Week, ќе биде уште поголем.

Се гледаме на Skopje Cocktail Week!

За  повеќе информации за програмата и мапата на локали каде ќе се одржи Skopje Cocktail Week следете ја
Facebook https://www.facebook.com/skopjecocktailweek/
Instagram страната https://www.instagram.com/skopjecocktailweek/.