Македонскиот Скијачки клуб "Фокс" Маврово - Адреналин и многу забава | Trendseteri
Menu

Македонскиот Скијачки клуб “Фокс” Маврово – Адреналин и многу забава

Маврово – Вистинска снежна бајка

 

Сите сме свесни дека поседуваме ретко природно богатство сместено во западниот дел на Македонија, богатство наречено Маврово. Регион познат со векови по својата гостопримливост на своите познати преноќишта во минатото, и денес со скијачкиот центар “Заре Лазаревски” кој е еден од најпознатите во Балканот.

Ски Центарот е сместен на планината Бистра која е само на еден час возење од Скопје. Вкупната должина на единаесетте ски-лифтови и трите жичари изнесува 5.700 метри, со капацитет од 11.100 патници на час. Со ваква инфраструктура, можно е да се скија на висина од 1.255 до 1860 метри надморска височина. Патеките кои се подготвуваат со шест ратраци се соодветни за почетници, напредни скијачи, како и професионалци во категориите алпско и нордиско скијање. Должината на скијачките патеки под жичарите изнесува 5.000 метри, а должината на ски- лифтовите е 10.000 метри. Сите патеки под ски-лифтовите се осветлени и озвучени, така што скијањето е овозможено и навечер, помеѓу 19 и 24 часот.

Нема поголема возбуда од скијањето, од погледот кон целата планина распослана пред вас, без ниту една трага. Вистинска убавина.

Ски Клубот “Фокс” ви нуди едно поинакво зимско искуство, авантури на снегот, многу забава и вистински адреналински рај. Клубот кој работи во Маврово е оформен 2017 година. Новооформен скијачки клуб  со секаков вид на тренинзи, комплетна ски опрема по сите стандарди, клуб кој за прва сезона може да се пофали со освоени три први места во категоријата снегулка, со освоено 5-то и 9-то место во конкуренција на повеќе од 100 натпреварувачи. Моментално има 7 активни членови од 6 до 14 години кои секојдневно тренираат и целат кон нови освоени титули.

Во прилог и коментар на тренерот, воедно и претседател  на клубот Страхиња Попоски кој има само 24 години и е бивши натпреварувач со повеќе освоени пехари и медали како на државно, така и на балканско ниво.

“Целта на Ски Клубот “Фокс” е унапредување на натпреварувањата во скијање како спорт и промоција на скијачките натпревари воопшто. Со своето делување сакаме да го поттикниме скијањето како спорт како и да се пренесат искуствата стекнати во скијањето на помладите генерации.” 

Основачи и помошници се Игор Ангелески, Дарко Грозданоски, Раде Ефтоски и Веле Игњатовски, кои се исто така и родители на повеќето деца кои тренираат во овој клуб.