Cosy Bar со аукција за собирање средства за Сара
На Сара и е овозможено по уплатен аванс да започне со лекувањето во клиниката во Германија. Иако е лекувањето започнато, на родителите и понатака им се потребни финансии за целосното покривање на лекувањето.
Во организација на #НеБидиЃубре и #КоузиБар, денес, 07.11., од 21ч, ќе се одржи аукција на потпишани дресови од наши спортски клубови.
Феноменална шанса да се дружиме, да наздравиме за здравје на Сара, и најважно – таа здравица да ја помогнеме така што ќе учествуваме на аукцијата на потпишани спортски дресови!
На аукцијата ќе може да се купат дресови од KK MZT Skopje Aerodrom, КК РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ, RK Vardar, RK Metalurg и Фудбалска Репрезентација на Македонија !
П.С. друштво ќе ни прават и дел од спортистите
Кој ќе ја води аукцијата?!
Ќе дознаете само ако дојдете!!!
Сите инфомации ТУКА
Родителите преку јавно соопштение објавија следно:
Постот го пренесуваме во целост:
Почитувани сограѓани и сите останати хумани луѓе кај нас и во странство,
Ви се обраќаме со почит сакајќи да Ве известиме дека целото наше семејство се наоѓа во Германија. Благодарение на сите вас и Вашата хуманост започнавме со реализација на нашата цел. Овозможено ни беше авансно плаќање на дел од сумата, која е потребна за лекување во клиниката во Германија.
Веќе од вчера, 05.11.2018 година, по консултативен разговор со нив, договорено е во текот на оваа недела да се започне со почетни испитувања кои претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца.
Бидејќи сите вие хумани луѓе станавте дел од нас и од нашето семејство, Ве молиме од срце помолете се кон Бога да биде успешно лекувањето на Сара од нејзиното помало братче Виктор како донор.
Дозволете ни да започнеме, а потоа да ве известуваме за лекувањето.
Вечно благодарни, од срце,
семејство Настески