Сите „ангели“ на едно место | Trendseteri
Menu

Сите „ангели“ на едно место

Заврши најголемата забава во Македонија… „ангелите“ остануваат


Заврши настанот Опенинг Фиеста. 

Нема потреба од додавање на зборови. Овој текст го изјави тимот на Angels Cafe во знак на благодарност за илјадниците „ангели“ кои може да ги погледнте во галериијата по текстот. Сите „ангели“ на едно место.


Ви благодариме многу на сите за убавите моменти, за големата посетеност, за убавата енергија.

Нашата замисла беше да покажеме дека за 7 дена може да се вратат убавините во овој град. Сакавме да покажеме на сите дека проблемот не е во младите за кои велат дека ,,сакаат,, кич и турбо фолк, туку проблемот е во понудата која тие ја имаат. Тие точно знаат што е убаво, модерно, урбано… За овие 7 дена во Ангелс кафе имаше гости од сите генерации. Сите средени, насмеани, среќни, зрачеа со енергија која се чувствуваше со самото влегување во објектот. Посетени беа сите настапи на одбраните артисти со ист интерес. За секоја генерација имаше по нешто, а дека тоа е тоа што им треба на младите и на овој град говорат позитивните критики кои секојдневно стигнуваат до нас.

Сигурно приметивте дека сегашниот Ангелс е направен по друг концепт. Локалот ќе биде посмирен и не се во план лудите забави по кои беше познат претходниот Ангелс кафе. Мебелот и целокупниот амбиент се направени за уживање. Неколкуте вечери гужва беа поради огромниот интерес за отварањето. И во иднина ќе се организираат настани, но без големи гужви. Секој што ќе биде во локалот заслужува тоа време да го помине во убава атмосфера со квалитетен пијалок и беспрекорна услуга.

Наскоро во менито ќе се најде винска карта со избор на разни вина од земјата и странство, избор на нови коктели и разни видови на кафе за љубителите на добро кафе. Ќе вложиме во обука на персоналот за спремање и служење на вино, коктели, кафе.

Во реновирањето на Ангелс кафе се вложени многу сретства. Пари кои ние сме свесни дека никогаш нема да ги вратиме. Но го направивме затоа што нашиот Штип заслужува ваков локал. Нашите сограѓани од сите генерации имаат потреба да отидат на некое место во кое ќе се чувствуваат посебно – дотерани, услужени од културен персонал, со пијалок направен и послужен по сите стандарди. А одличниот звук и осветлување кои имавте можност да ги видете и слушнете, ќе бидат дел од амбиентот секогаш кога вашето расположение ќе се подигне.

Ангелс кафе беше и ќе остане бисер на Штип.

Направен е за уживање по светски критериуми, а со домашни цени во менито -за да биде достапен за секој, за да нема поделби на ВИП и не ВИП. Во Ангелс кафе сите гости се исто ценети и третирани. Така било, така и ќе остане.

Затоа да го чуваме, да се радуваме на секоја промена и да уживаме во времето кое доаѓа. На зидот на спомените да почнеме да ги редиме сликите од новата сезона.

Бидете живи и здрави. Останете позитивни и среќни. Наскоро се читаме за новата агенда

Angels cafе – Place of love fun and happiness 


Photo by Aleksandar Efremov


Fly Angels, fly!

Огромна благодарност до креаторот на Angels Cafe и „татко“ на сите „ангели“, Роберт Димитров – Роби!


…и неговите „ангели“