Симона Попоска во нејзиниот елемент
Нашата пејачка и убавица Симона Попоска направи мал „сакан“ застој со нејзината фотосесија во центарот на Скопје. Симона во последниов период има изградено свој имиџ, кој, мора да ја пофалиме, и прилега феноменално.
Фотосесијата ја работеше фотографот Зоран Зонде Стојановски заедно со тимот стилисти; креаторката Ива Спасовска која специјално ги изработи креациите за фотосесијата, во чии креации ја гледаме пејачката и на нејзините настапи, мејкап артистот Бобан Тодоровски и Ивана Заковска.
Симона со нејзиниот соработник Ерик Фоксја ја подготвуваат новата песна на англиски јазик, за која комплетен автор е самиот Ерик Фокс.
За повеќе информации за Симона, Ерик Фокс и The Sound Messengers посетете го нивниот нов сајт тука