Симона Попоска и DJ Eric Fox со нов ремикс за песната "Love me" | | Trendseteri
Menu

Симона Попоска и DJ Eric Fox со нов ремикс за песната “Love me”

Симона Попоска и DJ Eric Fox со нов ремикс за песната “Love me”

 

 

Симона Попоска и Dj Eric Fox, членови на музичката група “The Sound Messengers”, во соработка со најпознатите музичари и ремиксери од Бразил и Jужна Aмерика, Хадсон Леите и Тајлесон Пабло направија ремикс на првата песна со која се прослави овој бенд, “Love me”.

Тие имаат изработено повеке од 200 песни на познати светски изведувачи како: Selena Gomez, Alan Walker, The Cranberies, Jason Derulo, Inna, Antonia, Celine Dion, Sia, DJ Layla, Paula Mattos, Justin Bieber, Omi, Jay Sean…и многу други.

Од целиот репертоар на авторските песни на “The Sound Messengers”, највеќе им се допадна “Love me” и нашата Симона, и од таму инспирацијата за ремикс за истата во две верзии – радиска и се разбира клубска. Ремиксот својата промоција веќе ја доживеа во Бразил, а од денес ќе ја слушаме и во нашиот етер.