Шик облека за вежбање во зимските денови | Trendseteri
Menu

Шик облека за вежбање во зимските денови

Не се улежувајте во зимскиот период кој што ни претстои, останете активни

 

Вежбањето знае да биде тешко во зима. Но, зимското вежбање е одлично за телото, па затоа треба добро да се подготвите.

Кога вежбате во зима, потребно е да најдете начин да зачувате дел од топлината, но да дозволите потта да испарува, за да останете колку што е можно посуви. Опремете се со хеланки, холахопки, комплет тренерки, па и топла капа и ракавици.

Започнете со тенок слој што ќе ја собира потта од кожата, избегнувајте памук кој ја впива целата течност. Потоа додајте уште еден подебел слој од истиот материјал, како полиестер, и завршете со јакна отпорна на ветар и вода, за да можете да ја задржите топлината.

Не се улежувајте во зимскиот период кој што ни претстои, останете активни.