Што всушност се “кризите” за благо или грицки (видео) | Trendseteri
Menu

Што всушност се “кризите” за благо или грицки (видео)

Што всушност се “кризите” за благо или грицки (видео)

 

 

Не зависно кој е вашиот вкус и “фетиш”, дали да изберете добра чоколада или некој пикантно лут чипс, се работи за ист феномен. КРИЗА, особено во попладневните часови и навечер.

Нашиот мозок во брзата и “вкусна” “храна” препознава брза енергија поради фактот што таа е составена од многу шеќери и масти. Тоа во превод значи дека кога телото бара енергија, мозокот знае што да одбере. Колку добро функционира сето тоа.

Тие кризи и потребата на телото за енергија се јавуваат поради недоволното и/или неквалитетно гориво. Многу од нас го почнуваат денот погрешно, со никаков или неквалитетен појадок. Многу од нас имаат по 1 или 2 оброци дневно. Сето тоа доведува до истоштеност на телото во вториот дел од денот и до падови на концентрација, потреба за дремка и до фамозните кризи.

Кој ги измисли кризите за благо дознајте во следната епизода на Јосиф Дамјанов