Широки сатенски панталони за ова лето | Trendseteri
Menu

Широки сатенски панталони за ова лето

Широки сатенски панталони поради кои сите ќе се вртат по вас


Одберете сатенски панталони со прав крој од бутовите па сè до долу кои имаат висок струк доколку сакате да направите да изгледате по слаби и по високи. Бирајте модели кои ќе ја нагласат вашата фигура и струкот а притоа изберете чевли на висока петица или платформа. Обавезно комбинирајте ги со краток топ, кошула или тенка блуза. Овие парчиња облека совршено ќе се вклопат со широките панталони и ќе направат визуелен баланс на вашето тело.

Доколку оваа комбинација сакате да ја носите на работа тогаш само додадете тренди блејзер во црна или бела боја. Оваа зима можете да ги носите сонтренди џемпер во неутрална нијанса или кратка ролка. Не забправајте да додадете и накит – долги обетки или ланче што ќе направи вашата комбинација да изгледа по живописно и иато така од елегантен изглед да добиете спортски кежуал.

Иако кај нас фустаните се се уште првиот избор кога е некоја свеченост во прашање, светските дизајнери и модните блогерки се почесто посегнуваат по други комбинации кои вклучуваат панталони.

Панталоните кои се толку широки што понекогаш оставаат впечаток дека носите здолниште се еден од водечките трендови веќе неколку сезони. За оваа сезона од сатен. Можете да ги носите во сите пригоди, од оние секојдневните до урбаните вечерни изданија во кои ќе ве телепортираат во центарот на вниманието.