Шик лето со Ботега Венета | Trendseteri
Menu

Шик лето со Ботега Венета

Новата кампања на омилената модна куќа Bottega Veneta

 

Откако на местото креативен директор на италијанската модна куќа Bottega Veneta застана младиот визионер Даниел Ли, брендот доживеа своевремена ренесанса, а креативниот ракопис на талентираниот дизајнер во комбинација со квалитетот на Bottega резултираше со најголема популарност на светски размери.

Затоа воопшто не не изненадува тоа што секој чекор на Bottega Veneta се исчекува со големо нетрпение и визуалите на нивните кампањи се шират со брзина на светлината низ социјалните мрежи. Ништо поразлично не се случи и овој пат после излегувањето на најновата кампања наменета за сезоната пролет/лето 2020 година, снимена под објективот на славниот фотограф од Лондон, Тирон Лебон.

Визуалите на оваа кампања прикажуваат луксузно летување во јахта, исунчана кожа, безгрижност и многу стил. Во најголем фокус се кожните сандали со легендарниот intrecciato стил кои доаѓаат во најпопуларните бои оваа година како зелената или нијансите на лаванда. Заштитни лица на оваа кампања се Мица Арганараз и Едоардо Себастианели кои совршено ја истакнаа нивната улога – навистина е тешко да не посакаме веднаш да се телепортираме во оваа јахта на сред океанот и да се сончаме облечени само во новите Bottega сандали.