Шакира со нова песна посветена за нејзиниот сопруг: “Me Enamore”
Најпознатата колумбиска пеачка Шакира неодамна ја објави нејзината најнова песна “Me enamore” (се заљубив) која е посветена за нејзиниот сопруг, фудбалерот на Барселона Жерард Пике. Набрзо следеше и снимањето на спот за нејзината песна каде активна улога имаше и фудбалерот.
Пике, според сценариото, во еден момент се појавува на видеото каде и помага на Шакира да побегне од градот. Меѓутоа неговата рака ја стави на задникот на Шакира. Иако пеачката во еден момент се налути заради ваквиот негов потег, испадна кралица бидејќи не сакаше да го исфрли овој неиспланиран дел во спотот.
Пике неодамна на твитер објави дел од нејзиниот спот и истакна дека нејзиниот задник му е омилен.