Северина модна трендсетерка
По примерот на светските убавици кои вешто ги комбинираат зимските и летните трендови, тоа најдобро го прави и пеачката Северина Којиќ која е вистински хит оваа зима. Оваа трендсетерка ги спои сите fashion хитови во храбри комбинации на различни стилови, какви што можеме да видиме на сите модни писти од најголемите светски брендови. Северина за позирање по снегот се појави во lila slip фустан и ролка во истата боја, а outfitот и беше во сиви тонови. Спортска капа, тренди очила за сонце, торбичка преку раменици, марама околу струкот беа аксесоарите кои ги избра за овој шик изглед.