Северина - Модна икона | Trendseteri
Menu

Северина – Модна икона

Покрај музичката, ја гради и модната кариера


Северина наполни 47 години, а покрај тоа што активно ја гради својата музичка кариера во 5-тата деценија, се труди да се покаже и на модно поле.

Својот имиџ драстично го промени во последниве неколку години, успевајќи да им стане конкуренција на многу помлади жени во светот на шоу-бизнисот.

Ниту една нејзина модна комбинација не поминува без реакција од јавноста, благодарение на модната храброст и истенчениот вкус кој очигледно „се крчкаше“ со години.

Издвојуваме Инстаграм фотографии од нејзината актуелна фотосесија кои ја ставаат рамо до рамо со најголемите светски модни икони:

Photos: instagram/@severina