Северина со фантастичен стајлинг | Trendseteri
Menu

Северина со фантастичен стајлинг

Стајлингот кој никого не остави рамнодушен

Мега ѕвездата Северија Којич на естрадата важи за некрунисата кралица на стилот. Атрактивната пејачка посветува големо внимание на својот стајлинг и има доволно храброст да искомбинира парчиња што многу жени не би се осмелиле.

Нејзината совршена линија и дозволува да носи парчиња облека кои мнозинството дами можат само да сонуваат. Тоа уште еднаш го докажа на концертот во Птуј, Словенија.

За оваа прилика Северина искомбинира мрежеста маичка и предимензиониран капут, мрежести чорапи и впечатлив накит: огрилици, ракавици и впечатливи обетки. Сепак, најголемо внимание провлекоа нејзините жолти, кратки чизми кои го заокружија нејзиниот стајлинг.