Српската ѕвезда Ивана Селаков имаше одличен настап минатиот петок во „DejaVu“.
Русокосата пејачка се присети кога прв пат дошла во Скопје.
-Имаше многу луѓе на улиците, јас бев воодишевена од масата народ која поминуваше.Потоцна ми кажаа дека тоа е Шарената револуција.Еве сега имате и избори па некако секогаш кога ќе дојдам овде има некоја дешаванка, вели Селаков.
Таа раскажува за нејзиниот приватен живот и професионалните ангажмани околу новогодишните празници.
- Скоро секогаш сум заљубена, таквва сум по природа. Љубовта кон музиката, животните, пријателите.Тоа е мојот двигател. Без љубов нема ништо, тоа го знаете. Доѓа Нова година, празници,веселби.Јас скоро секоја Нова година ја поминувам работно.И не ми е тешко,секако хонорарот е многу поголем.Ние естрадните ѕвзеди живееме донакеде од овие празници.Луѓето сакаат да се расположат.
- Дали се согласуваш дека дуетите со Аца Лукас те направија ѕвезда?
Јас и Аца се познаваме многу одамна.Му бев со години пратечки вокал.Еден ден ми рече да направиме дует, па уште еден.Може ке излезе и трет( се смее). Како и да е тоа е успешна соработка која траеи ќе трае. Верувам дека сега сум многу по позната.Лукас е голема наша ѕвезда тоа сите го знаат.
Ивана Селаков веќе има над 7 милиони посети на нејзините виде спотови на Јутјуб.Таа вели дека популарниста не ја променила и дека сеуште живее скромно и повлечено.
-Славата е минлива,Јас сум скромна девојак сон обичен живот.Не сакам фама и папаарци.Сакам да си останам таква.Музиката ми е голема љубов, се друго е шоубизнис, додава Ивана.
Зоран Фаци Василевски
Фото Сафет и Боби